Уставниот суд алармира за побрз избор на судии

Од:

Од Уствен суд алармираат за побрз избор на судии и велат дека е доведено во прашање носењето на одлуки поради некомплетниот состав веќе неколку месеци.

„Уставниот суд денеска ја одржа дванаесеттата седница за 2022 година на која присуствуваа сите петмина судии. На дневен ред беа ставени три иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата на граѓанин, но за ниту една од точките не се донесе одлука/решение поради недоволното мнозинство на гласови. Ова е прва седница на Судот на која не се донесе ниту една одлука или решение од точките предвидени на дневен ред.

Уставниот суд повторно алармира за сериозноста на ситуацијата затоа што доведено е во прашање носењето на одлуки поради некомплетниот состав веќе неколку месеци. Се работи на граница на кворум за одржување на седници, информираме дека повеќе од 30 предмети за кои не е добиено мнозинство во изминатиот период чекаат комплетен состав на уставни судии. Состојбата загрижува со оглед дека остануваат голем број на предмети поради недобиено мнозинство, а постои опасност иницијативите кои во меѓувреме пристигнуваат да треба да чекаат повеќе од предвидениот период за ефикасно решавање кое Судот го предвиде во годишната програма“, се наведува во соопштението од Уставен суд.

Би можело да ве интересира

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Пендаровски: Уставниот суд уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите