Уставен поведе постапка за Законот за посебен регистар на лица осудени за педофилија

Од:

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за три члена од Законот за посебен регистар на лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, донесен во 2012 година.

Поведена е постапка за член 5, став 2 од Законот со кој се определува покрај другото во регистарот за оваа група луѓе што го води Министерството за труд и социјална политика преку јавната установа Завод за социјални дејности да се објавуваат податоци на интернет страницата, а во став 3 од истиот член се определува податоците за осудените лица внесени во регистарот да се јавно достапни.

Член 10 од Законот определува можност за осуденото лице по основ за сексуална злоупотреба, педофилија и трговија со малолетни лица, да може да побара изземање од јавно објавување на нивните податоци во регистарот.

Членот 11 пак се однесува на постапката пред надлежниот суд во врска со барањето за изземање од јавното објавување на податоците на осуденото лице.

Поведувањето на постапката е затоа што Судот смета дека членот 5, во ставовите 2 и 3 не е доволно прецизен бидејќи се навлегува во личниот и семејниот живот на осуденикот и членовите на неговото семејство, како и во личниот и семејниот живот на жртвата.
Дилема се јавува и за тоа дали објавувањето во регистарот е веднаш по правосилноста на пресудата или после издржувањето на казната затвор. Во одредбата не предвидува во кој момент ќе бидат достапни на јавноста тие податоци, како и временскиот период, односно колку време ќе стојат тие податоци во регистарот.

Таквите одредби од Законот, според Судот немаат уставна основа по член 18 и 25, со оглед дека со член 18 од Уставот се гарантира тајноста на личните податоци, а со член 25 се гарантира личниот и семејниот живот.

Во однос на членовите 10 и 11 од Законот кои се однесуваат на прашањата за изземање од објавувањето на податоците, Судот оцени дека овие одредби уредуваат прашања во врска со постапувања на суд, при што според Уставот амандман 25 постапката пред судовите се уредува со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство, па бидејќи овој закон не е донесен во таква постапка Судот изрази сомнение во уставноста на донесувањето на овие одредби од законот.

Што се донесува пак на целината на Законот, Судот оцени дека има уставна основа за постоење на ваков закон со оглед дека со член 8 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, која е дел од внатрешниот поредок на Република Македонија законодавецот може со закон да определи мерки за сречување на кривични дела и за заштита на здравјето и моралот, но притоа да се води сметка за личниот и семејниот живот на граѓанинот.

Подносители на иницијативата се пет граѓани кои се осудени за такви кривични дела и кои се на издржување на казна затвор во Тетово.

Судот на денешната седница го поништи членот 3, точките 1 и 2 во делот „вработените во науката да се сметаат за јавни службеници“ од Законот за јавни службеници, донесен 2010 година и три пати дополнуван досега.

Поништувањето е затоа што статусот на вработените во науката е уреден со Законот за научно-истражувачка дејност, при што во него се определуваат начинот на вработување во такви установи, правата од работниот однос, условите за вработување, унапредувањето и слично. Па при постоење на такви одредби определувањето во Законот за јавни службеници на поинакви права и обврски на вработените во науката создава неконтабилност на одредбите од двата закони и истовремено навлегување на Законот за јавни службеници во врска со вработените во науката во слободата на научното творештво загарантирана со Уставот, поради што Судот оцени дека ваквата одредба од Законот за јавни службеници нема уставна основа и ја поништи.

Судот денеска не поведе постапка за иницијативите поднесени за членови од Законот за адвокатските маркички и од Законот за заштита на потрошувачите, за Правилник за поблиските критериуми, висината и начинот на исплата на паричната награда на здравствените работници и здравствените соработници вработени во јавните здравствени установи, како и за Решение за овластување за потпишување на акти, донесено од началникот на Генерал-штабот на Армијата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он