Уставен одржа подготвителна седница за лустрацијата

Од:

Уставниот суд на Република Македонија денеска одржа втора подготвителна седница за оценување на уставноста на повеќе одредби од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност.

Седницата, како што рече судијата известител Наташа Габер-Дамјановска, е свикана на барање на мнозинството судии во Уставниот суд, со цел да се разјаснат определени правни и фактички прашања поврзани со одредбите од Законот за лустрација и со тоа Судот би можел потоа на редовна седница да одлучи дали законот е во согласност со Уставот.

Македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права и граѓаните поединци, Стамен Филипов и Александар Петрушевски, во септември минатата година поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на законот во целина, како и на одделни 14 члена од истиот закон, донесен во јуни 2012 година.

sudija

Иницијативата се однесува на временскиот период опфатен со законот и одредбите кои дозволуваат објавување на имињата на поранешни соработници без судски налог, само со одлука на Комисијата за лустрација.

– Законот за лустрација овозможува без судска процедура и конкретна постапка да се докаже вината на некој човек со што се нарушува презумпцијата на невиност. Оспорениот закон како што е поставен може да се употребува и како инструмент за политичка пресметка меѓу неистомисленици, рече Филипов.

Според него, лустрацијата не може да се однесува на периодот од донесувањето на декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска Македонија на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1994, па до денот на примената на Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер особено, како што рече, не по 1991 година кога државата изградила поинаков политички систем кој за основа ги има човековите права.
Поранешниот судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска смета дека целта на донесувањето на овој закон е да се исклучат лица од вршење на државното овластување ако не може да им се верува во нивното вршење во согласност со демократските принципи.

– Овој закон во никој случај не може да биде насочен кон некоја одмазда или реваншизам во врска со неистомислениците без разлика од која страна доаѓа. Тоа е нешто кое постојано провејува во сите документи на меѓународните тела. Да не се доведеме во ситуација, утре или задутре таква критика да добиеме не во оној дел што значи однесување на поединци, туку во оној дел што значи легислативна дејност на државата, а во исто време и чување на таа легислатива од старна на Уставниот суд, рече Николовска.

Проф. Димитар Мирчев со став дека лустрацијата треба да биде од периодот од 1944 година па наваму. – Не гледам никаква логика во образложението на подносителот на иницијативата дека со овој закон се дисквалификуваат документите на АСНОМ, или пак целиот претходен период на социјалистичкиот развој, додаде тој.

Професор од ФОН, Владимир Пивоваров рече дека со законот се лустрираат луѓе кои биле жртви во претходниот режим, а белегот врз тие луѓе останува засекогаш.

Тој појасни дека во Чешка и Полска има институции кои ја утврдуваат веродостојноста на секое досие, потоа нивните извештаи одат на судска постапка, по што по одлуката на судот се одзема државната функција на човекот, доколку се утврди дека бил кодош.
Ивица Боцевски го поддржува Законот за лустрација. Toj, меѓу другото говореше за примената на ваквиот закон во СР Германија, кој произведува се уште правни дејства.

Според Боцевски, согласно теориите за демократизација периодот на опфат на лустрацијата е добар.

Владиниот агент на Република Македонија за застапување пред Европскиот суд за човекови права, Коста Богданов исто така посочи дека овој закон има уставна основаност.

– Заштитата на демократијата со поставување услов за вршење на јавна должност во периодот од 1990 година е уставно оправдана и е во функција на заштита на демократијата, на демократскиот систем и на Уставот, рече Богданов.

Тој истакна дека пристапот кој го има Судот во Стразбур по прашањето за лустрацијата не е на иста линија со пристапот кој го имаше Уставниот суд на РМ во претходните две одлуки за укинување.

– Судот во Стразбур на овој закон не гледа како на закон за заштита на човековите права, туку како на закон за ограничување на човековите права во смисла на остварување на друга повисока легитимна цел, а тоа е заштитата на демократијата, рече Богданов.

Уставните судии по завршувањето на излагањата поставуваа прашања до експертите, претставниците на институции и универзитетските професори.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on