Успешно изведена првата минимално-инвазивна интервенција на Клиниката за кардиохирургија

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Универзитетската клиника за државна кардиохирургија каде првпат беше изведен минимално-инвазивен зафат.

Тимот македонски и српски лекари кој синоќа ја изврши интервенцијата, беше предводен од словенечкиот примариус д-р Миладин Ѓоргевиќ.

Направена е замена на валвула со рез два до три пати помал од вообичаениот во кардиохирургијата. Пациентката стара 73 години, се чувствува добро и веќе се опоравува.

– Со воведувањето на овој метод, Клиниката за кардиохирургија, иако најмлада, направи крупен исчекор во подобрувањето на нивото и квалитетот на здравствената услуга, изјави министерот, изразувајќи голема благодарност до лекарите, особено, како што рече, за нивниот професионализам.

Професорот од Словенија веќе 15 години го применува минимално-инвазивниот кардио-хируршки зафат. Предноста, објасни, е во тоа што траумата и крварењето при вакви интервенции се помали, мобилизацијата е побрза, а рехабилитацијата е подобра и пократка.

– Ваквите зафати се почести кај возрасни луѓе, но се применуваат и кај млади лица. Во последно време, повеќето пациенти се постари, над 75 години, со оглед дека кај нив дегенерирањето на залистокот на аортата е почест. Во Словенија 13 отсто од овие пациенти се постари од 80 години, нагласи д-р Ѓоргевиќ.

Според него, пациентката што синоќа беше оперирана, подолго време имала проблеми со срцевиот залисток и било крајно време да се интервенира.

Македонските лекари кои беа дел од тимот наскоро ќе заминат на субспецијализација во загребската болница „Ребро“. Се разговара и за нивна дополнителна едукација во институциите во кои работи професорот Ѓоргевиќ.

Министерот Тодоров информира дека синоќешниот зафат е 35-ти на Клиниката за државна кардиохирургија која во однос на интервенциите, годинава ја почна согласно планот, а така беше завршена и претходната, 2014-та, со околу 30.

– Оваа година Клиниката ќе биде преселена во новите простории. Потребната опрема вредна околу 1,5 милион евра е веќе набавена, подвлече министерот Тодоров.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните