Вкупно 169 крвни единици се собрани во денешната акција за доброволно дарување крв во Велес организирана под мотото „Донирај крв!Спаси нечиј живот‘‘.
Според Лиле Панова од Општинскиот Црвен крст, акцијата ја изведоа медицински екипи при Републичкиот завод за трансфузиологија, а собраната крв е однесена во Скопје за потребите на скопските клииники.
Во акцијата учествува досегашни крводарители, но и лица, главно млади, кои првпат даваат крв.
Акцијата беше организирана во соработка со Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес во чест на 4 февруари, денот на раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев.