Усогласен составот на Комисијата за „црниот“ понеделник

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги усогласија ставовите за составот на Комисијата, која треба да ги расчисти настаните од 24.декември.

„Врвен правник, чие име се уште не се соопштува ќе раководи со телото што ќе треба да ја утврди одговорноста и причините за случувањата што ја предизвикаа неколку месечната политичка криза“, јави ТВ Алфа.

Партиски извори од СДСМ тврдат дека ставовите меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ се усогласени, а личноста која ќе претседава со Комисијата, наводно ја прифатила обврската. Најавуваат дека веднаш по Велигден, во вторник ќе биде обелоденет целосниот состав на Комисијата и ќе бидат прецизно дефинирани задолженијата што ќе ги имаат членовите.

Веќе е договорено кој ќе членува во Комисијата, од СДСМ, професорите на Правниот факултет, Рената Тренеска-Десковска и Љубомир Фрчкоски, а ВМРО-ДПМНЕ пратениците, Благородна Дулиќ и Илија Димовски.

Во работата на Комисијата ќе учествува и странски експерт, но, тој нема да има право на глас.

Инаку за „црниот“ понеделник, дваесет и еден парламентарец, предводени од швајцарецот Андреас Грос, изразија загриженост за функционирањето на демократските институции во Македонија, по инцидентот што се случи во Скопје на 24. декември 2012 година.

Во образложението што беше доставено со нивното барање, стои дека овај инцидент „открива сериозни проблеми со демократијата воопшто и парламентарната демократија посебно“ во Македонија.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата