Усмртен пешак во Битола

Од:

Државјанин на Грција, со автомобил „Мерцедес“, удрил во 67-годишна битолчанка која починала на лице место. Возачот бил приведен и е задржан во Полициска станица.

Како што информираат од МВР, на крстосницата од улиците „Македонски гемиџии“ и „Буримечка“ во Битола вчера околу 19:30 часот се случила сообраќајна незгода во која С.Т. (56) од Флорина-Република Грција, управувајќи патничко возило „Мерцедес Ц220“ со грчки регистарски ознаки, удрил во пешакот П.Н. од Битола, која починала на самото место на настанот. Смрт била констатирана од страна на екипа од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе биде извршена обдукција, а С.Т. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Битола за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип