Условни казни за сите 57 обвинети во акцијата „Бришач“

Од:

Во Кривичниот суд денеска беше соопштена и пресудата за полициската акција позната како „Бришач“ која што беше разделена во две посебни акции „Бришач 1“ и „Бришач 2 “. Сите 57 обвинети добија условни казни.

Најмалата изречена казна е три месеци затвор, заменета со условна од една година, а најголемата казна е две години затвор, која ќе се изврши ако во рок од 5 години осудениот стори друго кривично дело.

Тие се товарат за местење сообраќајки кои не се случиле, правење лажни извештаи за наводните сообраќајки за да им биде исплатена отштета од осигурителните компании.

Обвинетите се полициски службеници односно раководители на увидни екипи на МВР при Одделението за вршење увид на сообраќајни незгоди, како и виши крим-техничари за сообраќај.
Криминалната група ги оштетила осигурителните компании за два милиони денари или за над 30.000 евра. Групата работела од 2007 и случаите на лажирани сообраќајки биле скоро идентични меѓу себе.

Би можело да ве интересира

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје