Уште пет лица на разговор во полицијата за собраниските случувања

Од:

Д.М. (28) од Виница, И.П. (39), З.З.(47) и Н.П. (37), сите од Скопје, вчера биле повикани на разговор во полиција за настаните во Собранието од 27 април, додека во домот на Ј.Л. (41) од Скопје најпрво е извршен претрес, а потоа и тој бил повикан на разговор.

Како што соопшти МВР, по извршените разговори Д.М., И.П.,, З.З.(47) и Н.П. се ослободени, а кај Ј.Л. (41) не се пронајдени предмети со кои е извршено кривично дело или кои потекнуваат од извршено кривично дело и по разговорот, и тој е ослободен. Во консултации со Јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје и натаму презема мерки и активности во врска со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски