Уште неколку запрашувања против комарци во Охридскиот регион

Од:

Идната седмица во регионот на Охрид уште еднаш ќе се врши запрашување против комарци, најавија од општинскиот Центар за јавно здравје.

Првото запрашување беше спроведено од земја, при што беа опфатени локациите каде се размножуваат комарците, односно местата каде се наоѓаат ларвите од кои се излегуваат комарците. За таа намена беше користено специјално средство за т.н. ларвицидна десинсекција.

Директорот на центарот Атанско Михаилов најави дека идната седмица ќе биде спроведено уште едно земјишно прскање, како и трето запрашување предвидено за во август.

Активностите за уништување на комарците во Охридскиот регион ќе се спроведува и авионски. Охрид како туристички центар е меѓу приоритетните градови во кои, како што беше најавено од страна на Министерството за транспорт и врски, во првата половина од јули ќе се спроведува авионско запрашување.

За таа намена ќе се врши аеросолна адултицидна дезинсекција, односно запрашување против возрасни единки, како и со терестрична апликација на средство за уништување на ларви од комарци на стоечки водени површини.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица