Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Од:

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговорност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад. Последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните, велат од СДСМ.

„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните? Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција. За тоа мора да има одговорност. Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност и да поднесе оставка“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски