Во Струга убиен братот на убиецот на Лазаровска

Од:

Синоќа во Струга беше убиен Вејсел Максути кој бегал од полицијата која го бркала по нападот на холандски туристи, ни и трагала по него за разбојништво и за малтретирање на семејството. Полицајците кои трчале по него истрелале неколку предупредувачки куршуми кон Максути, по што тој бил погоден во горниот лев дел од грбот.

„После кратко време Вејсел бил фатен во дворот од една куќа во селото Радолишта, каде што во меѓувреме пристигнало засилување со други полициски службеници. Тие кревајќи го со цел да го стават во полициското комбе забележале крв на устата на Вејсел и веднаш се упатиле во Медицински центар – Струга со цел пружење на итна медицинска помош. , соопштија од МВР.

Максути бил донесен во струшката болница во еден часот по полноќ. Тој е брат на убиецот Гзим Максути, кој пред неколку дена со нож ја уби 78 годишната старица во центарот на Струга, пред нејзиниот дом. Од полицијата ги отфрлија шпекулациите дека се работи за крвна одмазда.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга