Уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива на Хируршките клиники

Од:

Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање информира Министерството за здравство.

– Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива.
Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

– Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот.

Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.

Би можело да ве интересира

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

ВИДЕО: Изведена првата потполна трансплантација на човечко око

Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб

Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот

МЗ: Еден донор спаси четири животи