Уште една обложувалница ограбена

Од:

Непознат сторител денеска од спортската обложувалница „Плеј – ин“ во Тетово украл над 100 илјади денари.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски информираше дека кражбата се случила околу 9 часот кога разбојникот со црна маска на главата и пиштол им се заканил на вработените.

– Непознатиот сторител се упатил кон двете вработени Б.А (26) и Х.С (19) кои во тоа време ја чистеле внатрешноста на обложувалницата и од Б.А побарал да му ја даде чантата на шанкот. Исплашени за својот живот, тие му ја дале чантата во која имало 100 илјади денари, промет од претходниот ден и 8.000 денари, средства на Б.А, лична карта, возачка дозвола и други документи, изјави Јосифоски.

По грабежот разбојникот избегал во непознат правец, а вработените го пријавиле случајот во полиција. На местото на настанот е извршен увид и се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби