Уште еден црн рекорд во главниот град – 16 скопјани ја загубија борбата со коронавирусот

Од:

Во изминатите 24 часа во Скопје дури 16 пациенти починале како резултат на компликации од Ковид-19, што е досега најлошиот дневен биланс во главниот град од почетокот на пандемијата.

Починатите се на возраст од 54 до 84 години, покажуваат податоците на здравствените власти.

Во истиот период, регистирани се 570 нови случаи на болеста во Скопје, а оздравеле 407 пациенти. Со ова, бројот на луѓе активно заразени со коронавирусот се искачи на 10.130, што исто така е најголемата бројка досега.

Најмногу активни случаи има во општина Гази Баба – 1.490, што е малку повеќе од Аеродром (1.474), а во уште три скопски општини има над 1.000 активно заразени лица.

Еве како се распределени активните случаи по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 639
• Гази Баба – 1490
• Аеродром -1474
• Карпош – 1186
• Центар – 1173
• Кисела Вода – 1245
• Ѓорче Петров – 874
• Бутел – 584
• Шуто Оризари – 206
• Студеничани – 52
• Сарај – 160
• Арачиново -31
• Илинден – 251
• Сопиште – 66
• Чучер Сандево – 99
• Петровец –128
• Зелениково -83
• Странец – 175
• Нераспределен- 214

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски