А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Делумно позитивен тест на коронавирус кај жена што се вратила од Рим

by Маја Илиевска-Пачемска27/02/2020 - 11:5627/02/2020 - 12:541280
Share0

Тестирање за коронавирус кај жена што се вратила од Рим дало делумно позитивни резултати, извести денес министерот за здравство Венко Филипче. И се прави дополнително тестирање на Клиниката за инфективни болести.

Добивај вести на вибер

„Жена којашто со сопругот била на кратка прошетка во Рим се јави на Инфективната клиника. Нејзиниот тест во една третина, само парцијално е позитивен што може да биде вкрстена реакција од други вируси и затоа сега се прави дополнително тестирање на широка палета на вируси, да не шпекулираме иако верувам дека и овој тест ќе биде негативен. За резултатите ќе известиме после два час“, рече министерот Филипче.

На Kлиниката се пријавил и возач на камион со знаци на грип кој патувал низ северна Италија, но неговиот тест бил негативен.

Пациентката кај којашто вчера беше потврден коронвирусот се чувствува добро, има лесна клиничка слика и нема знаци за компликации, рече министерот Филипче. Таа е сметена на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Останатите патници од комбето се ставени во изолација во домашни услови, а изолација е во тек и за сите лица со коишто направиле контакт.

„Телефонски се исконтактирани сите и им е укажано дека треба да почекаат денеска во утринските часови да бидат контактирани како од екипите на епидемиеолози така и од припадниците на Министерството за внатрешни работи. Кај дел ова интервју е веќе завршено, дел се врши сега, во овие моменти. Добро е тоа што сите укажуваат на тоа дека немале контакт со голема маса на луѓе, пред се контактите се во рамките на семејствата и тоа во куќите во коишто живеат или во истите дворови. На сите нив, исто така, ќе им биде назанчена изолација“, вели министерот Филипче.

Претставници на Министерството за внатрешни работи прават проценки дали можат да ги обезбедуваат објектите во кои што се изолирани во домашни услови патниците и лицата со коишто контактирале. Доклку утврдат дека има тешки услови за обезбедување, лицата ќе бидат пренесени во некое од инфективните одделенија наменети за излоција на сомнителни пациенти на Инфективната клиника во Скопје, а доклку има потреба во одделенија во Штип и Гостивар.

koronavirus

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он02/02/2022 - 18:45

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он25/01/2022 - 16:30

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он01/12/2021 - 17:08

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска01/12/2021 - 13:2501/12/2021 - 20:49

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска08/11/2021 - 13:4608/11/2021 - 14:48

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска17/10/2021 - 10:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен