Уште четворица повредени вечерва од Скопје ќе бидат префрлени во Атина

Од:

Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство, доцна вечерва од Скопје во Атина ќе бидат префрлени уште четворица повредени во пожарот во Кочани.

Станува збор за четири лица со изгореници кои ќе бидат хоспитализирани во воена болница во Атина.

Воениот авион од Атина полета околу 22.30 часот по локално време за Скопје, а откако ќе ги преземе повредените веднаш ќе се врати на воениот аеродром во грчката престолнина.

На ист начин синоќа беа пренесени три лица, кои се во Општата воената болница 401 и како што претходно објави МИА се во релативно добра состојба, а станува збор за млади лица на возраст од 22 до 24 години, кои во пожарот се здобиле со изгореници.

Со четворицата повредени кои во Атина ќе пристигнат во текот на ноќта, вкупниот број на хоспитализирани во Грција ќе биде 12, петмина во Солун (тројца во болницата Папаниколау, двајца во воената болница 424) и седуммина во воени болници во Атина.

Би можело да ве интересира

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Милионска штета од даночно затајување во Фондот за социјално осигурување во Атина – има уапсени

А1он

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он