Уште чади депонијата „Дрисла“

Од:

Во текот на вчерашниот ден е затрупан дел од просторот на депонијата „Дрисла“ од кој имаше чадење. Денеска затрупувањето продолжува со засилено темпо бидејки вчера беа извршени неколку логистички зафати кои овозможуваат полесен и побрз пристап до критичната точка, информира утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Чадењето од депонијата „Дрисла“ е сѐ уште присутно, но во многу помал обем, и, според Ангелов, не е причина за утринската магла во Скопје. Дивата депонија „Вардариште“, пак, е целосно изгасната и од неа нема никакво чадење.

Во врска со полемиките дали воздухот е дополнително загаден од депонијата „Дрисла“, од ДЗС упатуваат да се побара официјална информација од надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање каде постои Одделение за мониторинг на квалитет на воздух.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола