Завршува реконструкцијата на игралиштето во штипската населба „Леваци“

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во градежните активности поврзани со уредувањето на игралиштето во населбата Леваци. Станува збор за игралиште кои со децении го користат младите жители на оваа населба, но и со децении било оставено на забот на времето, без никакви градежни зафати или обиди за реконструкција. Но, долгогодишната негрижа сега е веќе минато, затоа што изминативе неколку месеци и во овој дел од градот се преземаат потребните активности за обновување и повторно ставање во функција на е

„Работиме на асфалтирање на два дела за спортување во игралиштето. Претходно ЈП „Стипион“ овде изврши ископ на материјалот, тампонирање на овој простор и поставување неколку бетонски ѕидови. Сега веќе се асфалтира и во наредниот период ќе продолжиме со изработка на уште неколку бетонски елементи, ѕидови, со што ќе ја привршиме реконструкцијата на ова игралиште. Впрочем, ова беше и барање на граѓаните од оваа урбана заедница и во предизборниот период, но и на средбите со нив во овој период постојано истакнуваа дека ова е едно од местата коишто треба да бидат реконструирани.

– Се работи за 480 метри квадратни нова асфалтна површина на овие два терени. Дел од средствата со кои се реконструира се инвестиција на Општина Штип, а дел се од граѓани коишто живеат овде. Целото игралиште ќе чини некаде околу 2.500.000 денари.

– Еден терен ќе биде предвиден за мал фудбал и за кошарка, а другиот терен ќе биде предвиден за одбојка,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он