Уредник физички нападнал новинар во зградата на МРТВ

Од:

Новинарот Реџеп Ќамили вработен во МРТВ 2 вели дека попладнево бил физички нападнат од Авни Ќаили, кој според нашите информации е уредник на културна програма во јавниот сервис. До инцидентот дошло откако двајцата се сретнале пред лифотот на четвртиот кат во зградата.

„Јас си заминував од работа. Се се случи на четвртиот кат. Јас се тргнав на страна за тој да помине, а потоа настана турканицата. Имам видливи повреди, гребаници, искината маица. Случајот ќе го терам до крај. Повикав полиција, а сега одам на клиника“, изјави Ќамили за „А1он“.

Запрашан која е причината поради која бил нападнат, вели дека не му е познато, но претставува дека можеби станува збор за нарачка или пак претходни несогласување со негови роднини.

„Не знам која е причината. Тој не ми е директен шеф. Тој е девер на сестра ми, но се разведуваат. Се е претпоставка. Дали ова има врска со мене, дали е нарачка или нешто друго, тој треба да каже“, додава Ќамили.

Новинарот најави дека постапката ќе ја тера до крај, односно се додека лицето за кое тврди дека го нападнало, не одговара согласно законите. Ќамили во објавата на „Фејсбук“ пишува и дека ова е втор пат како е нападнат на работното место, во зградата на МРТВ.

Би можело да ве интересира

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис