Уреден детскиот рекреативниот парк во Крива Паланка

Од:

Извидничкиот одред „Наум Наумовски – Борче“ од Крива Паланка заедно со своите сограѓани во изминатите неколку дена го уредуваше рекреативниот парк во Осичка маала, во рамки на извидничкиот центар Вавилон.

„Вклученоста на граѓаните беше од неизмерна важност да се оствари она што недостасувало во градот. Со спроведување на оваа иницијатива родителите добија уште едно место каде можат да ги носат своите деца на прошетка и безбедно да си играат, а градот доби уште едно катче кое го разубави центарот на Крива Паланка. Неколкудневната акција вклучи уредување на зелените површини и поставување клупи за седење. Поставени се и канти за отпадоци, кои ќе служат за паркот да остане чист. Направени се и бетонски површини заедно со заштитна ограда на која е поставено и осветлување а деновиве ќе бидат ставени и детските реквизити. Со тоа акцијата му даде даде нова функција и нов лик на овој простор во Осичка маала и овозможи децата да имаат ново место за игра и дружење.

Оваа иницијативата беше поддржана од Националниот младински совет на Македонија во рамки на кампањата Мрдни со прст. Главна цел на кампањата е да се подигне јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно“ се вели во соопштението на Националниот младински совет.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски