„Урбан инвест“ поднесе пријави до Антикорупциска и Обвинителството за Стевчо Јакимовски

Од:

„Урбан Инвест“ ДОО од Кавадарци поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупција против Општина Карпош и Стевчо Јакимовски, како и  кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување.

Пријавата, соопштуваат од „Урбан инвест“, се однесува за коруптивно однесување од страна на Општина Карпош и нејзиниот градоначалник во врска со доделувањето и реализацијата на договор за јавна набавка на работи Реконструкција на плато „Млечен ресторан“, при што, посочуваат, е повреден Законот за спречување на корупцијата. Во соопштението се појаснува дека „Урбан Инвест“ учествувал во постапка спроведена од Општина Карпош за доделување договор за јавна набавка на работи Реконструкција на плато „Млечен ресторан“, во која учествувал и друг понудувач кој бил избран согласно критеруимот најниска цена.

– Во текот на реализацијата на договорот за јавна набавка од страна на избраната фирма ние увидовме дека има неправилности, односно плочките кои изведувачот ги набавил и вградил не се согласно бараните карактеристики – не се гранитни плочки согласно техничка и финансиска понуда за реконструкција на плато „Млечен ресторан“, туку дека се работи за терацо плочки, појаснуваат од „Урбан Инвест“.

Тие тврдат дека плочките кои изведувачот ги набавил и вградил не се согласно бараните карактеристики, па поради постоењето на разлика во цената помеѓу гранитни и терацо плочки пријавениот овозможил изведувачот да се стекне со имотна корист.

– Од постапувањето на ваков начин, според нас, оштетена е Општина Карпош, а и Урбан Инвест ДОО кој поднесе кривична пријава, стои во соопштението од „Урбан Инвест“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото