Уранија Пировска повикана на информативен разговор во МВР

Од:

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска за А1он потврди дека добила покана од Министерството за внатрешни работи утре во 9 часот да се појави на информативен разговор.

– Ме викаат на информативен разговор исто како професорот Гордан Калајџиев, за сторен прекршок за време на протестите, најверојатно за фрлање боја, нешто што јас и на дебата на Телма признав дека го правев. Очигледно е дека е таргетиран Хелсиншкиот комитет, што беше забележливо по приолизте на провладините медуми деновиве, рече Пировска.

Според неа, легитимно право на Хелсиншкиот комитет е да ја поддржува Шарената револуција исто како што е и правото на граѓаните да го фарбаат тоа што им припаѓа нив.

Претходно на информативни разговори беа повикани и професорот Гордан Калајџиев, кој заработи казна од 50 евра или општо-корисна работа, како и раководителот на „Мемоар Кафе“ кој бил распрашуван за „Белизе Бенд“.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите