Управниот суд продолжува со разгледување на тужбите

Од:

Управниот суд денеска ќе донесе одлука за десет од вкупно 16 тужби, кои беа разгледани вчера и ќе ги разгледа преостанатите шест тужби поднесени во врска со вториот круг од локалните избори.

До Управниот суд вчера, заклучно до десет часот, беа поднесени 16 тужби, пренесува МИА.

Единаесет од тужбите беа поднесени од Алијанса на Албанците, четири од движењето „Беса“ и една од Народно движење за Македонија.

Управниот суд има должност да донесе одлука по жалбите во рок од 48 часа по нивниот прием.

ДИК на седница ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште