Управниот суд ја објави пресудата за рудникот „Иловица“: Предметот е вратен на повторно одлучување

Од:

Управниот суд денеска на својата веб-страница ја објави пресудата за рудникот „Иловица“.

– Поради покажаниот голем интерес на медиумите, а со цел објективно информирање на јавноста во врска со поднесената тужба од тужителот Друштво за производство, промет и услуги „Еуромакс Рисоурсес“ ДОО Скопје изјавена против решението на Државната комисија УП.број 0810 – 102 од 5 9 2019 година, Управниот суд ја извесува јавноста дека од страна на судот е донесена пресуда У-6 број 575/2019 од 31.03. 2020 година, се наведува во соопштението од Судот.

Истовремено, како што информираат од Судот, се работи за предмет кој е од итен карактер и треба да се постапува за време на траење на вонредната состојба.

– Со донесената одлука од страна на Управниот суд предметот е вратен на повторно одлучување поради процесни неправилности (постоење на претходно прашање за главната работа), додека за главната работа по предметниот спор постапката е во тек, се наведува во соопштението.

Од Судот велат дека наведената одлука е уредно доставена до странките во управниот спор, полномошникот на тужителот и тужениот орган и истата е објавена на веб-страницата на Управниот суд, а сето тоа согласно Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба и постапувањето на судовите и јавните обвинителства (Службен весник на РСМ број 84/2020), рокот од 15 дена започнува да тече од денот на престанувањето на вонредната состојба.

Би можело да ве интересира

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Светот се подготвува за недостиг на бакар, Македонија сè уште не го активира потенцијалот на Иловица

Лепиткова: Со современи стандарди, Иловица може да биде економски плус за целиот југоисток

Македонија има потреба од одржливо рударство – „Иловица-Штука“ како можност за нов стандард

Европа бара критични минерали, Македонија својот потенцијал го има во бакарот

Европа го забрзува рударството со строги еколошки правила – што значи тоа за македонското рударство?