УПОЗ: Предлозите работата на службениците да се регулира со видео надзор се нехумани, незаконски и дискриминаторски

Од:

Предлозите на Владата преку видео надзор и боди камери да се регулира работата на службениците во ситуации кога е неопходно тие директно преку физички контакт да работат со граѓаните се нехумани, противзаконски и дискриминаторски сметаат од Синидкатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ.

Владата, нагласуваат од УПОЗ, е должна да го консултира и да го вклучи Синдикатот како социјален партнер при донесување на вакви законски решенија кои се однесуваат за условите за работа што е пропишано и со законите и со колективните договори и сметаат дека ваквите предлози доаѓаат како одговор на нивното барање да одпочне преговори за платите на администрацијата бидејќи, како што велат, 95 проценти од вработените имаат плата под просекот на државата.

Од УПОЗ, посочуваат дека се изненадени од предлозите истакнати на вчерашната седница на Владата на која се разгледувале предлози преку видео надзор и боди камери да се регулира работата на службениците во ситуации кога е неопходно тие директно преку физички контакт да работат со граѓаните и посочуваат дека се затекнати и од констататацијата дека сето ова Владата го предлага како механизам за контролирање на работата на службениците, а со цел да служи за превенција од корупција.

– Затоа го поставуваме и прашањето која европска држава има ваква пракса? Според нашите сознанија, на пример, во САД само оперативните служби кои се во акција можат да имаат камера на себе како и мобилните екипи на царината и евентуално сообраќајната полиција. Дали при предлагањето на оваа точка Владата го имала во предвид фактот дека со Закон е забрането снимање на вработените и граѓаните, а дозволено е снимање, само заради безбедност на објектите, што е дел од македонската и од европската регулатива, се вели во соопштението од УПОЗ.

Синдикатот на УПОЗ, во соопштението нагласува дека никогаш нема да се согласи вработените да бидат снимани со камери и на себе да носат камери, како и дека ќе се обрати до Владата со барање итно да се стопираат ваквите предлози и Синдикатот задолжително да биде вклучен во донсесување на прописите кои ќе ја регулираат оваа материја.

– Синдикатот на УПОЗ бара да престане атакот врз администрацијата која одреден период во државата доаѓа од поединци и организирани групи со цел да се оцрни и омаловажи админастрацијата што на крај дава негативна слика за државата во целост. И после ова прашуваме, дали корпупцијата во државата е присутна само кај административните службеници кои директно работат со граѓаните или одговорноста за корупцијата треба да се бара пошироко и посебно кај оние кои ја водат администрацијата, се вели во соопштението од УПОЗ.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Синдикат на УПОЗ: На повидок суспендирање на колективните договори

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии