Упатство за средношколците: Има механизми на заштита, изборете се за своите права

Од:

Студентскиот пленум, по неколкуте анонимни дописи од средношколци за закани, ги охрабрува да се изборат за своите права. Еве ги препораките и упатствата од Студентскиот пленум:

— ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ —

Секој средношколец кој самостојно одлучил да се приклучи кон Студентскиот Марш треба да ги знае своите права околу учеството во овој настан.

Најпрво, правото на протест е загарантирано со Уставот. Секој акт на мирно јавно искажување на ставот на граѓаните на Р.Македонија, е заштитен со највисокиот правен акт во државата.

Понатаму, заклучување на врати од училишта со цел ограничување на учениците да излегуваат е постапка со која се прекршува уште едно уставно загарантирано право-правото на слободно движење. Доколку вие и/или вашите соученици се соочите со закaни и притисоци во обид да излезете од училиште, треба да знаете дека тоа е директно нарушување на вашата слобода на движење, право загарантирано со Уставот на Македонија.

Во тој случај, што да направите?

1. ДОКУМЕНТИРАЈТЕ ГО НАСТАНОТ;

Заклучените врати и заканите како намалување на поведение и впишување на оценки заради неколкучасовно отсуство се недозволиви. Секој доказ дека истото било направено е од голема помош. Материјалите да се достават до нашиот профил и до медиумите.

2. КОНТАКТИРАЈТЕ ГИ НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ;

Државниот просветен инспекторат е орган на државната чија надлежност е контрола на почитување на прописите во рамки на образовните институции.

Со анонимен повик, известете претставник од институцијата и побарајте инспектор да дојде во вашето училиште, кој потоа ќе ги увиди неправилностите и соодветно ќе превземе мерки за санирање на истите.

Контакт телефони од Државниот просветен инспекторат:

02/3117 896

02/3117 277

Раководејќи се од своите принципи, Студентскиот пленум, како досега, така и во иднина ќе остави на секој поединец самиот да процени дали ќе ги поддржи нашите активности. Се разбира, поддршката на средношколците е сосема природна и повеќе од добредојдена, со оглед на тоа дека тие се свесни дека ние во моментов ја биеме својата, но и нивната битка.

Средношколци, не се плашете, изборете се за своите права. Постојат механизми на заштита, ваше е да ги искористите

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата

Рубио: САД ќе ги поништуваат визите за кинеските студенти