Универзитетското собрание на УКИМ бара решавање на проблемите во студентските домови во текот на летото

Од:

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и достоинствениот студентски живот, достави две официјални барања до надлежните институции за подобрување на состојбите во домовите, информираат од Универзитетското собрание.

Во првото барање, доставено до Државниот студентски дом – Скопје, УСС-УКИМ апелира за навремена проверка и повторно оспособување на нефункционалните лифтови во објектите на ДСД – Скопје. Со оглед на приближувањето на новата академска година и очекуваниот зголемен број на станари, се нагласува значењето на функционални лифтови – како за олеснување на секојдневното движење, така и за овозможување безбеден и пристапен престој за сите студенти, вклучително и за оние со ограничена подвижност.

Во второто барање, упатено до студентскиот дом „Пелагонија“ и Министерството за образование и наука, УСС-УКИМ бара итна санација и сервисирање на бојлерите и целиот систем за топла вода, имајќи ги предвид честите проблеми со греење и топла вода во изминатите зимски сезони. Дополнително, се посочува на хроничниот проблем со нефункционалните лифтови во овој дом, што претставува посебна тешкотија за студентите со здравствени или физички ограничувања.

Со овие барања, УСС-УКИМ апелира до институциите за навремена и одговорна интервенција уште во текот на летниот период, со цел почетокот на академската година да го дочекаме со подобрени услови за живот и студирање.

„Овие интервенции се клучни за обезбедување на елементарни услови кои студентите ги заслужуваат. Ќе продолжиме гласно и одговорно да ги пренесуваме реалните потреби на студентите,“ – истакна Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Би можело да ве интересира

Нов студентски собир: На жртвите од кочанската трагедија им се оддаде почит на кампусот на техничките факултети

Министерката Јаневска се самопоканила на студентскиот собир

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите

Комисија ќе бара решение за третоодделенецот за кој имаше бојкот во две училишта

Средба на МОН и Одборот на родители од основното училиште „Лазо Ангеловски“