Уништена урбана опрема во Македонска Каменица

Од:

Во Македонска Каменица повторно е забележан вандализам, овојпат цел била урбаната опрема во центарот и во периферните делови на градот, информираат надлежните.

-Во последниот случај уништени се вградени светилки на заштитната украсна ограда околу средното училиште „Миле Јаневски-Џингар”. Пред само неколку дена, исто така информиравме за уништена урбана опрема на улицата „Гоце Делчев”. Сето ова говори за вандализам кој се повторува и за кој некој мора да одговара, велат надлежните.

Реакциите на граѓаните не стивнуваат по зачестените пријави за ваквото недолично однесување на поединци. Велат дека појавата станува честа во градот, особено во викенди, во текот на вечерните часови.

Според жители од центарот на градот, често има групирање особено на млади луѓе кои ги користат јавните простори за консумирање алкохол до доцните ноќни часови, по што останува неред од расфрлена амбалажа. Групирањата, велат, се најчести во градските паркови и на кејот на Каменичка Река.

Покрај вандализмот пред неколку дена, во Македонска Каменица често цел на напад од поединци беа и домашни миленици – кучиња и мачки, од кои дел беа отруени.

Би можело да ве интересира

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски