УНИЦЕФ: Тројно зголемен бројот на жени и деца мигранти

Од:

Бројот на жени и деца мигранти кои поминуваат низ Македонија во последните три месеци е трипати зголемен, објави денеска Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Според нив, секојдневно низ државата поминуваат околу 3.000 мигранти од кои една третина се жени и деца. Околу 12 проценти од жените се бремени.

Повикувајќи се на бројките од Министерството за внатрешни работи, од УНИЦЕФ посочуваат дека 80 проценти од мигрантите се од Сирија, пет проценти од Авганистан и уште пет проценти од Ирак.

– Од јуни 2015 година, повеќе од 52.000 лица се регистрирани во Прифатниот центар на границата во Гевгелија по влегувањето од Грција. Се проценува дека исто толкав број транзитираат низ земјата без да бидат регистрирани, наведува УНИЦЕФ во соопштението.

Оттаму истакнуваат дека испраќаат балони со вода од 30 илјади литри и два шатора од по 72 квадратни метри.

– УНИЦЕФ внимателно ја следи ситуацијата на терен и работи со локалните власти за да обезбеди заштита за децата, се вели во соопштенеито.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Загадениот воздух, сушите и топлотните бранови – главна закана за децата во Македонија

Горан Наумовски

За една недела во Либан убиени се 15 деца, десетици се ранети

Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата

УНИЦЕФ: Едногодишно момче убиено во израелски напад врз клиника во Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски