УНИЦЕФ: Македонија да го промени односот кон децата со попреченост

Од:

УНИЦЕФ заедно со група активисти започнува со кампања за да поттикне акција преку која ќе се смени начинот на кој општеството гледа на децата со попреченост и начинот на кој се однесува кон нив.

Стигматизацијата, ставовите и недостигот на свесност придонесуваат кон дискриминацијата и отфрленоста со кои се соочуваат децата со попреченост.

– Децата со попреченост се среќаваат со различни бариери за нивна инклузија. Ставовите во општеството често претставуваат поголема попреченост отколку состојбата на детето или попреченоста што ја има, рече др. Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ.

Децата со попреченост може да ги остварат своите целосни потенцијали доколку општеството го смени начинот на кој гледа на нив.

Во Македонија е многу поголема веројатноста за исклучување на децата со попреченост во споредба со другите деца. Во предучилишното образование само 145 (0.5%) од вкупно 30,107 запишани деца се деца со попреченост.

Исто така поголема е веројатноста децата со попреченост да бидат лишени од правото да растат во семејство. Мнозинството (55%) од децата што се сместени во институции се деца со попреченост.

За да се постигне инклузија на децата со попреченост општеството мора да стане посвесно за нивните права и да почне прво да ги гледа нивните способности, пред да ја забележи попреченоста.

Кампањата #ЗаПравиченСвет има за цел да вклучи активисти кои ќе проговорат гласно за нефер состојбата на децата со попреченост. Преку социјалните медиуми, активистите ги повикуваат сите да дадат заложба дека ќе почнат да го менуваат начинот на кој гледаат на децата со попреченост.

Оваа кампања е дел од повеќегодишна стратегија за мобилизирање широка поддршка и зголемување на бројот на граѓани кои даваат поддршка за еднакви права и инклузија на децата со попреченост.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Загадениот воздух, сушите и топлотните бранови – главна закана за децата во Македонија

Горан Наумовски

За една недела во Либан убиени се 15 деца, десетици се ранети

Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата

УНИЦЕФ: Едногодишно момче убиено во израелски напад врз клиника во Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски