УНХЦР: Направивте многу за бегалците, сега треба и Законот за азил да се смени

Од:

Значително преку 60 милиони луѓе се раселени низ светот, ниво коешто никогаш порано не било забележано од основањето на УНХЦР досега. На 20 јуни, Светскиот ден на бегалците, се слават силата, храброста и издржливоста на милиони бегалци. Ним им треба нашата поддршка, се наведува во обраќањето на Мохамад Ариф, претставник на УНХЦР.

– УНХЦР сака да потсети дека заштитата на бегалците е заедничка заложба којашто државите ја имаат направено. Ниту една држава сама не може да ги реши проблемите со кои се соочуваат бегалците. Ова бара споделување на одговорноста. Земјава покажа огромна поддршка за значителниот број бегалци и мигранти коишто поминаа низ регионот. За пофалба е како се справи со кризата, иако се работи за мал дел од бројот на бегалци коишто приморани од насилство и прогон се движат низ светот. Повеќе од 60 проценти се жени и деца, вклучувајќи и мали деца коишто патуваат сами или разделени од своите родители, на кои е потребно да им се посвети посебно внимание. Граѓаните во државата, поведени од хуманитарниот дух, го дадоа првичниот одговор, создавајќи пат за Владата и сите хуманитарни партнери да воспостават координиран одговор. Одговорот ја покажа способноста на државата да се справи со итната состојба од големи размери и да осигура хуманитарната помош да стаса до оние на кои им е најпотребна. Сепак, треба да се стори повеќе. Прифатот и интеграцијата на лицата на кои им е потребна меѓународна заштита не можат да бидат ограничени само на
неколку земји. Сите земји треба да осигурат дека функционираат силни системи кои ги издвојуваат лицата на коишто им е можно потребна меѓународна заштита или коишто се ранливи на некој начин и им ја обезбедуваат заштитата што им треба. УНХЦР е подготвен да помогне во обезбедувањето на соодветната правна рамка и да ја поддржи подготвеноста да им се даде таква заштита на сите коишто сакаат да побараат азил тука. Во оваа насока, УНХЦР се надева дека скорешните измени на Законот за азил и привремена заштита ќе можат да бидат изменети или укинати и дека ќе се преземат дополнителни мерки за законот да се усогласи со меѓународните и европските стандарди.

Можноста да се обезбеди заштита треба да се осигура во сите држави, вклучувајќи и овде, за сите држави да го понесат својот дел и да помогнат во заштитата на бегалците. Државата ја покажа способноста да одговори на кризата на исклучителен начин. Се надеваме дека овој позитивен дух ќе продолжи и дека државата ќе го усогласи законодавството со меѓународните и регионалните стандарди – рече Мохамад Ариф, претставник на УНХЦР.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот

УНХЦР: Повеќе од седум милиони бегалци ја напуштија Украина

А1он

Медитеранските земји очекуваат повеќе од 150.000 мигранти

Ана Ололовска

УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица

УНХЦР: Во 2021 година над 3.000 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат во Европа

А1он

УНХЦР: Над 3,5 милиони лица избегаа од војната во Украина

А1он