Унгарскиот министер за правда: Груевски може да добие патнички документи и да ја напушти Унгарија

Од:

Унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како бегалец и потоа да ја напушти Унгарија. Министерот тврди дека Унгарија не може да го екстрадира Груевски во Македонија бидејќи тој добил азил врз основа на неговите укажувања дека против него се водат фабрикувани судски постапки.

Министерот Трочањи додаде дека не го прочитал објаснувањето за азилот на Груевски, но дека истовремено не е изненаден што му е одобрен азил бидејќи како што вели „ако поранешен премиер е во затвор, тоа може да биде тешка ситуација за него“.

Интернет порталот „24.ху“ пишува дека според тоа што Груевски добил статус на бегалец, унгарската влада признала дека Македонија не е безбедна држава. Според истиот медиум, македонската влада може да поднесе тужба против Унгарија пред Меѓународниот суд во Хаг поради како што велат, кршење на Конвенцијата за дипломатски односи.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно