Унгарскиот амбасадор во посета на Кавадарци

Од:

Унгарскиот амабасадор Ласло Дукс денеска ја посети општина Кавадарци, при што оствари средба со градоначалникот на општината Александар Панов.

-Досегашната културна соработка би сакале да продолжи и на полето на економијата. Ги истакнав предностите на Кавадарци. Задоволен сум што и тој тежнее кон економската соработка. Планираме да се одржат заеднички состаноци на регионалните стопански комори. Со помош на нашите пријатели од Унгарија, можеме полесно да дојдеме и до европските фондови, рече Панов.

Амабасадорот Дукс нагласи дека потенцијалот во Тиквешијата е добар.

-Имаме партнерски односи и соработка. Го познавам вашето подрачје и неговиоит потенцијал, а земјоделството е еден од потенцијалите како и малите и средни претпријатија, рече Дукс и додаде дека од тиквешките вината кои ги пробал негов фаворит е црвеното вино „вранец”

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак