Унгарскиот амбасадор Дукс во посета на Кочани

Од:

Амбасадорот на Унгарија, Ласлу Иштван Дукс попладнево ја посети општина Кочани. На средбата со градоначалникот Ратко Димитровски беше нагласена потребата за зајакнување на соработката меѓу локалните заедници од двете земји.

– Во Македонија сум од август и ова е моја прва официјална посета на Кочани. Кочани има посебно место во унгарско-македонските односи, тоа е град што прв воспостави соработка за збратимување со некој унгарски град, како што е Сигетсентмиклош. Со градоначалникот разговаравме за економската соработка на планот на геотермалната енергија и во земјоделството, изјави амбасадорот Дукс.

Градоначалникот Димитровски рече дека на средбата со амбасадорот Дукс се разговарало за проширување на стопанската соработка со унгарските градови.

– Република Унгарија стипендира пет наши млади студенти – Роми, и со економскиот претставник на унгарската трговска куќа во Република Македонија сакаме да оствариме контакти за да можеме да ги презентираме производите од Кочани и на инвеститорите да им ги претставиме можностите за инвестирање во општина Кочани, рече градоначалникот Димитровски.

Во рамките на постета на Кочани, унгарскиот амбасадор оствари средба со учениците Роми, стипендисти на Владата на Унгарија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот