Унгарска влада: Не помогнавме во бегството на Груевски, тој е во Унгарија законски

Од:

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти, но не соопштува детали сè додека не заврши постапката за азил.

„Спротивно на претпоставките објавени во печатот, ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Никола Груевски да ја напушти Македонија. Во согласност со унгарските законски прописи и меѓународната пракса, сè додека постапката не заврши, унгарските власти не се во можност да обезбедат дополнителни информации во врска со постапката за азил. Сепак, потенцираме дека Никола Груевски е во Унгарија законски во согласност со законските одредби во врска со процедурите за азил“, соопшти кабинетот на унгарскиот премиер.

Од таму уште еднаш нагласија дека експремиерот Груевски го најавил барањето за азил во една од странските претставништва на Унгарија. Од безбедносни причини, поради тоа што Груевски десет години бил премиер, унгарските власти овозможиле поднесувањето на барањето и сослушувањето да бидат во седиштето на Канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта место во прифатен центар. Канцеларијата за имиграција и азил, укажуваат од унгарската влада, го води процесот на азил во согласност со унгарскиот закон и во согласност со меѓународното право.

На ова соопштение на унгарската влада претходеше прес-конференцијата на македонската Влада, на која премиерот Зоран Заев повика Унгарците да кажат дали го киднапирале Груевски или тој го направил тоа доброволно.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се потребни силни вооружени сили

Се преврте полски автобус во Унгарија: 12 мртви, возачот е уапсен

Катерина Ѓуровски

Падот на производството во нуклеарната централа Пакш го загрозува форинтот

Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија

Унгарски: Унгарија се соочува со пет најкритични денови

Можна енергетска криза во Унгарија поради падот на водостојот на Дунав и запирањето на работата на електраната „Пакш“

А1он