А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Унгарец со компјутерска измама од Македонец украл 17.400 евра

by А1он26/12/2015 - 13:21105
Share0

Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против унгарскиот државјанин, 43-годишниот К.М. од Будимпешта, поради постоење основи на сомнение дека во текот на ноември годинава, со цел противправно да се стекне со имотна корист од околу 17.400 евра, сторил две кривични дела „измама“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Добивај вести на вибер

Имено, К.М. во текот на ноември годинава неовластено навлегол во компјутерскиот систем, на тој начин што пресретнал електронска комуникација во врска со набавка на вештачко ѓубриво на две правни лица (едно од Република Македонија, едно од Грција).

Откако правните лица се договориле за набавката на вештачко губриво (плаќањето во износ од 17.376 евра да биде по профактура), пријавениот следејќи ја комуникацијата помеѓу двете правни лица на 10-ти минатиот месец, од неговата електронска пошта скоро идентична со електронската пошта на правното лице од Грција, претставувајќи се во нивно име, испратил порака до правното лице од Скопје во која ги известил дека паричните средства треба да ги уплатат на друга банкарска сметка, затоа што претходната банкарска сметка е блокирана, притоа давајќи им банкарска сметка од банка, со седиште во Будимпешта-Унгарија.

Правното лице од Скопје два дена по добиеното известување, ја извршило уплатата на посочената банкарска сметка. По дознавањето за кривично правните настани, од страна на Единица за економски и компјутерски криминал превземени се мерки и активности при што е утврдено дека, пријавениот за комуникација со оштетеното правно лице од Скопје, користел сервер и ИП адреса од САД и електронска пошта, која се разликува од оригиналната електронска пошта на правното лице од Грција, единствено во крајните букви на меилот и наместо „.gr“ е впишано „.cc”.

Понатаму, во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка и со Управата за финансиско разузнавање во Министерството за финансии на РМ, извршени се проверки и превземени мерки, со цел да се спречи исплата на паричните средства бидејќи истите се предмет на кривично дело. Испратено било барање до надлежните служби во Унгарија и уплатените парични средства на банкарската сметка во Унгарија, се замрзнати и вратени на трансакциска сметка на правното лице од Скопје.

mvr

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 16:0108/03/2026 - 16:04

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 12:0708/03/2026 - 12:23

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 16:18

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен