УНФПА: Родовата нееднаквост ги подрива здравјето и правата на девојките

Од:

Раното стапување во брак, тинејџерската бременост и другите манифестации на длабоко вкоренетите родови нееднаквости ги подриваат здравјето и правата на девојките и се закануваат на амбициозната агенда за развој на светот, предупредува Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), во денеска објавениот извештај за состојбата на светското население во 2016 година.

Според извештајот на УНФПА, вложувањето во 10-годишните девојчиња може да донесе огромна демографска дивиденда и јакнење на националните економии, а ослободувањето на потенцијалот на оваа генерација девојки ќе им овозможи на земјите во регионот да реализираат демографска дивиденда и да ги зајакнат своите економии.

Регионалниот директор на УНФПА, Алана Армитаж, смета дека на 10-годишна возраст, девојчето во нашиот регион е на крстопат.

– По кој пат ќе тргне не е важно само за нејзиниот живот. Важно е и за животот на сите нас. Затоа што сите добиваме кога едно девојче, сто девојчиња, генерација девојчиња, можат да го исполнат својот потенцијал: човечкиот капитал јакне, економиите се развиваат, богатството расте, изјави Армитаж.

Според додатокот објавен од Регионалната канцеларија на УНФПА, во Источна Европа и Централна Азија, девојчињата обично се добро образовани, а подоцна дури и ги надминуваат момчињата и младите мажи во високото образование.

Како најчеста пречка за реализирање на целосниот потенцијал, се наведуваат предвремениот или детски брак, фактот дека тинејџерките имаат трипати поголеми шанси да забременат во споредба со Западна Европа, и тоа дека младите жени имаат тешкотии со комбинирање на работата и подигањето на децата.

Новата развојна агенда на ОН до 2030 година, одобрена од светските лидери во 2015 година, е насочена кон праведен развој во кој никој не е изоставен, а отстранувањето на бариерите кои ги попречуваат 10-годишните девојчиња денес ќе ги зголеми шансите за успех на агендата, стои во извештајот УНФПА.

На располагање за таа цел во изминатите десет години на владите им се јакнењето на забраните за штетни практики како што се детските бракови, обезбедување обука за животни вештини и сеопфатно сексуално образование соодветно за возраста на девојчињата кои се приближуваат кон пубертетот, и усвојување родово чувствителни политики за баланс меѓу работата и животот, како и уривање на традиционалните родови улоги и стереотипи.

Според извештајот на УНФПА, сегашниот предизвик е да се прошират ваквите интервенции и да досегнат до што повеќе девојчиња, особено до најсиромашните и најранливите.

Фондот за население на Обединетите нации е меѓународна агенција за развој, чија цел е да обезбеди свет во кој секоја бременост е посакувана, секое породување е безбедно, а потенцијалот на секој млад човек е исполнет.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски

Синодот на МПЦ, граѓани и видни гости на протест пред Соборниот храм во Скопје

Тренчевска: Северна Македонија е за унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности

Горан Наумовски