УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

Од:

Донација од нова компјутерска опрема од 74 компјутери, 52 принтери и 50 скенери што ќе бидат распоредени во Секторите за внатрешни работи и полициските станици, која ќе овозможи поефикасно следење и контрола на малото и лесно оружје во државата, денеска промовираа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан и заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф.

Донацијата, чија цел е непречено и поефикасно функционирање на информацискиот систем на МВР, се реализира како дел од проектот „Подобрување на националните пракси за контрола на мало и лесно оружје и градење на отпорни заедници“, кој УНДП го имплементира со финансиска поддршка на Германската амбасада во Скопје.

-Ова е исклучително значаен проект во рамките на „Патоказот за контрола на мало и лесно оружје“, чиј потписник е и нашата држава. Имплементацијата на проектот ќе му овозможи на МВР побрзо и попрецизно да собира и анализира податоци за малото и лесно оружје во државата. На тој начин, нашата борба против овој вид криминал ќе биде поефикасна и веруваме дека ќе придонесе за зголемување на нивото на безбедност на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој се заблагодари на канцеларијата на УНДП и на Амбасадата на Сојузна Република Германија што ги препознаа напорите за модернизација на полицијата и што дадоа безрезервна поддршка во имплементацијата на активностите преку кои се зајакнуваат капацитетите на МВР.

-Новиот полициски информациски систем во првата година ќе го користат околу 3.500 полициски службеници на различни нивоа што ќе придонесе за побрза размена на информации меѓу секторите, а со тоа и за поодлучна и посеопфатна борба против нелегалната трговија со оружје“, потенцира Спасовски.

Ова е втора донација на ИТ опрема во рамките на проектот откако во октомври 2020 година беа испорачани 53 компјутери, 16 принтери, 10 скенери и 25 специјални принтери за дозволи за оружје. Покрај донацијата на опрема, во тек е развој на соодветниот софтвер за следење и контрола на малото и лесно оружје. Дополнително, во текот на септември ќе се одржат обуки за 250 вработени во МВР кои во пракса ќе работат во овој безбедносен сегмент.

-Главната цел на проектот е да се намали злоупотребата на малото и лесно оружје како една од најчестите причини за вооружените инциденти во државата. Донацијата на оваа опрема е само еден сегмент од целокупниот проект, кој ќе го надгради информацискиот систем на МВР, а преку развој и имплементација на полициски информациски систем ќе обезбеди дигитализација и унапредување на оперативните процеси и ќе ја забрза институционалната размена на информации, изјави постојаната претставничка на УНДП, Сахакјан.

Таа нагласи дека полицијата добива нова и ефикасна алатка во борбата против нелегалната трговија и незаконското поседување мало и лесно оружје, во насока на заложбите за унапредување на безбедноста во државата.

-Целосната и успешна имплементација на иницијативата „Патоказ за контрола на мало и лесно оружје“, која произлегува од Берлинскиот процес, е исклучително важна за зголемување на контролата на мало и лесно оружје и на безбедноста на граѓаните во сите земји од Западен Балкан, рече германскиот заменик амбасадор Граф.

УНДП го реализира овој проект како дел од регионалната иницијатива „Патоказ за контрола на мало и лесно оружје“ чија основна цел е да се воспостави систем на контрола на малото и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, согласно европските и меѓународните стандарди.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Тошковски удри по професионалците во МВР