УМС на ВМРО-ДПМНЕ солидарна во осудата на убиството на музичарот во Грција

Од:

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се придружува кон осудата од европарламентарците и згрозеноста на борците за човекови права од бруталното убиство на младиот музички уметник во Грција.

– УМС како организација на млади, чија цел е постоење, демонстрирање и поттикнување општествена одговорност се солидаризира со апелите на осуда на демократските движења во Европа и свесните елементи во грчкото општетство кое ваквиот чин го окарактеризираа за вандалско и недемократско потистнување на слободната волја и газење на слободата од страна на деструктивните елементи во грчкото општество. Со право ЕУ и европарламентарците го окарактеризираа убиството на овој млад уметник како напад врз демократијата, нешто што нема да ја реши социјалната нееднаквост и економските предизвици, изјави Михајло Коштримовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ние се приклучуваме на апелите и ја охрабруваме демократската левица и нејзините движења во грчкото општетсво, како и на демократските институции во Грција, да се изборат за слободата и нејзините принципи кои се придобивка и темелни принципи на ЕУ и се значајни за регионот. Истовремено се приклучуваме на повиците на сите младински движења кои деновиве се огласија во Европа за содветна правна разрешница и поттикнување на дебата за ваквите радикални елементи кои мора да бидат отфрлени, додаде Коштримовски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела