УМС на ВМРО-ДПМНЕ огранизираше пародија

Од:

Во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ беше реализирана пародија при што пред зградата на ЕВН Македонија под маска на Радмила Шеќеринска беше дадена изјава за медиуми.

„Почитувани муштерии,

– Еве поминаа неколку години од приватизцијата на ЕСМ, и јас како што ви ветив бонбона бизнисот оди како подмачкан. Повисоките сметки за струја се гаранција за добар профит.

– Затоа претпријатитето Бонбона ЕСМ- ја проширува својата дејност. Од денес, не само струја туку ќе продаваме и бонбони. Ова не се обични бонбони, ова се ЕСМ-Бонбони. Од слатки послатки, од скапи поскапи. Високата цена е гаранција за квалитетот.  Овие ЕСМ бонбони се од кујната на СДСМ која ги задоволува највисоките стандарди на бранковиот хасап систем. Проверен рецепт!

– Апелираме да не се осуди некој да го украде рецептот за овие ЕСМ бобноби. Тој е патентиран бренд на СДСМ.

– Приметуваме дека граѓаните и не се задоволни од високите сметки на струја, па затоа ние ке ги ублажиме со овие бонбони.Нивната цена не е толку висока како сметките за струја, тоа е затоа што знаеме ние од СДСМ што сака народот. Високи цени за струја, поефтини бонбони. Ем СДСМ сит, ем народот облажен.

– Нема утка во овој бизнис. Видете како ни тргна со ЕСМ, така и со новиот бизнис со бонбони ќе ни тргне. Цената не е фискна, таа може за неколку години пак да порасне. Ама тоа не е важно, тогаш ќе ги обвиниме другите за високите цени, а ќарот ќе биде наш. Треба да знаеш, треба да можеш.

Со љубов за Македонија, од кујната на СДСМ“, велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ