УМС на ВМРО-ДПМНЕ ја одржа 23-та годишна конференција

Од:

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ја одржа 23-та годишна конференција. УМС на ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна нејзиниот претседател Владимир Нелоски, е најбројната младинска организација во Македонија, но и во регионот со вкупно 47.000 членови. Само во последните месеци УМС има околу 9.000 нови членови.

Пред членовите на подмладокот на владејќаката партија се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, кој најави силно темпо на реформите и битка за подобро утре, борба за секое новоотворено работно место, привлекување на странски инвеститори и подобри услови за живот за граѓаните.

– Со силно залагање треба да ги збиеме редовите и обединети со народот да работиме со сите сили, интензивно и посветено за да го одржиме чекорот со реформите за европската интеграција. Следуваат многу битки, но не сум човек кој се откажува или поткленува. Овие битки за напредок им ги должиме на нашите претци и на нашите деца. Затоа да останеме на земја со народот, како што и досега правевме, истакна Груевски.

Тој нагласи дека економијата и отворањето на новите работни места остануваат приоритет на новата влада. Од идните министри, како што рече, очекува многу работа и високо чувство на одговорност. На опозициската СДСМ, рече, и подава рака, за Македонија да оди напред.

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Нелоски рече дека единството, сплотеноста, храброста да се оди во чекор во ново време јасно се гледа во секој поранешен и сегашен член и симпатизер на Унијата на млади сили.

– Младите никогаш не биле посплотени, поединствени, знаат каде да ја насочат својата енергија и храброст за нови предизвици, знаат да препознаат вистински вредности според кои се води оваа најбројна младинска организација, рече Нелоски.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ, според него, е најважен фактор во креирање и делувањето на младинската политика во Македонија. Побара од членовите сите заедно и понатаму да се заложат за таа да остане фактор кој ќе влије во општеството и ќе ја водат Македонија кон нови победи и успеси.

-Како претседател на УМС цврсто стојам на ставот дека место за способните и квалитетните во унијата секогаш имало и ќе има. Лично се залагам и ги повикувам сите кои што сметаат дека на било кој начин со своите квалитети кои секој млад човек ги поседува и може да ги вложи во нашата организација, има простор и уште веднаш може да ни се приклучи, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје