УМС на ВМРО ДПМНЕ: Дамјановски со буре бела боја сака да го реши сообраќајниот метеж

Од:

Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово на денешната прес-конференција ги обвини локалната самоуправа и градоначалникот Зоран Дамјановски, дека по осум години владеење не покажаа волја за да го решат сообраќајниот хаос во градот.

-Како млади луѓе секојдневно се соочуваме со сообраќаен метеж, бројни сообраќајни несреќи кои не ретко резултираат и со човечки живот, ограничен простор на движење од многуте автомобили, кои што се индикатор дека црвеното светло одамна е вклучено-изјави претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Срѓан Ивановски.

Тој нагласи дека проблемот со паркинг просторот не се решава со купување на буре бела боја и со исцртување на улиците со бели линии, кои значат гаражи.

-Не се решава проблемот така. Погледнете малку подалеку од Куманово, во другите општини, како Прилеп, Скопје, Битола и ќе видите како се решава проблемот со обезбедување на простор за паркирање, со изградба на катни гаражи. Од досегашните ветувања за изградба на катни гаражи во центарот на градот исполнивте само „катни“, односно се градат петкатни, шесткатни станбени згради, па и повисоки-додаде Ивановски.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он