„Уметничка пролет“ на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип

Од:

Проректорот за развој и инвестиции, Кирил Барбареев и деканот на Музичката акедемија при универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Тони Китановски на денешнта прес-конференција ја најавија манифестацијата „Уметничка пролет на УГД“, која ќе се одржи од 21 април до 27 мај.

– Настаните под заедничко име „Уметничка пролет на УГД“ ќе започнат на 21 април со концерт на добро познатите Петрит Чеку, Антонијо Китановски и Емилија Потевска. Концертот ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Веќе на 16 мај,во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип ќе настапат  врвните музичари Влатко Стефановски и Мирослав Тадич. Серијата концерти ќе заврши на 27 мај со концертен настап на Васил Хаџиманов, вели Барбареев.

Деканот на Музичката Академија, Китановски посочи дека покрај концертите  ќе се  организираат и работилници со познатите уметници, кои ќе настапат пред студентите и публиката од источниот регион. Првата работилница со студентите и публиката е со  познатиот класичен гитарист Чеку, а ќе се одржи во 13 часот на 21 април.

– Петрит Чеку е врвно име, по многу луѓе он е број еден класичен гитарист на планетата денес. Тоа е еден млад дечко од Призрен има 30 години, кој што имав среќа и задоволство да соработувам пред некој месец со него. Снимавме заедно албум, а ќе свири програма која ја изведува, минатата недела свиреше во Москва, постојано е зафатен низ целиот свет и имаше термин само наредната недела. Влатко Стефановски и Тадиќ не треба да ги претставувам ги знаме сите многу добро, а исто и Васил Хаџиманов, вели Китановски.

Проректорот на УГД-Штип, Барбареев истакна дека манифестацијата „Уметничка пролет на УГД“ е во рамки на Отворени денови на универзитетот, а исто така како високо образовна институција имаат и општествена одговорност кон своите студенти и секако кон граѓаните.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он