Умбрасас: Добро е да се биде со нови сојузници, среќни сме и ве очекуваме во НАТО

Од:

Добро е да се биде со нови сојузници, среќни сме и ве очекуваме во НАТО, рече заменик-министерот за одбрана од Литванија, Витаутас Умбрасас на денешната работна посета во нашата земја и на отворањето на вежбата „Одлучен удар“.

За време на посетата, Умбрасас и заменик-министерот за одбрана Беким Максути имаа средба во Министерството за одбрана на која фокус беше билатералната одбранбена соработка, евроатлантските интеграции и стекнатите искуства.

Максути изрази благодарност за брзата ратификацијата на Протоколот за членство и за поддршката која Литванија и ја дава на нашата земја на патот кон НАТО.

Тој рече дека односите со Литванија се од големо значење од аспект на нашето приклучување во европските и евроатлантските структури, а особено важни се литванските искуства од евроатлантските интеграции.

– Направивме голем исчекор во одбранбените реформи и веќе делуваме како одговорен член на Алијансата гледано од аспект на инвестиции во одбранбените капацитети и способности. Преземавме конкретни мерки за подобрување на стандардот на припадниците на Армијата. Донесовме одлука за зголемување на буџетот на одбраната со цел до 2024 година да достигнеме 2% од БДП, рече Максути.

Литванскиот заменик-министер изрази благодарност за гостопримството и порача дека со членство во НАТО нашата земја треба да продолжи да го следи мотото „Сите за еден, еден за сите“.

Добро е да се биде со нови сојузници, среќни сме и ве очекуваме во НАТО. Ние ви требаме вам и вие ни требата нам, рече Умбрасас.

Заменик-министерот додаде дека припадниците на нашата Армија покажуваат успешни резултати во мисијата во Авганистан и во насока на продлабочување на соработката изрази подговеност за развој на вежбовни активности на специјалните единици.

На средбата се разговараше и за продлабочување на соработката преку реализација на обуки, вежбовни активности со цел зајакнување на интероперативноста и подигнување на нивото на обученост и подготвеност на припадниците на вооружените сили.

Би можело да ве интересира

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти