Улицата ,,8 Септември” во Македонска Каменица доби нов лик

Од:

Заврши асфалтирањето на последниот дел од улицата “8 Септември” во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Во рамки на активностите, како што информираа надлежните, жителите освен подобрена патна инфраструктура добија и нов паркинг простор.

-Жителите од двете првоизградени колективни станбени живеалишта во нашето рударско градче, конечно добија асфалтна улица и уреден паркинг простор. Градежните активности се реализираа согласно предвидениот план за работа во насока на подобрување на патната инфраструктура во градот, информираа од општината.
Во наредниот период на овој потег од градот, како што додадоа, предвидено е и уредување на јавниот простор.
-Како општина во соработка со жителите од овој дел на градот и со поддршка од Јавното претпријатие “Камена Река”, дополнително ќе го уредиме јавниот простор со зеленило, а ќе биде поставена урбана опрема и ново улично осветлување, додадоа надлежните.
Претходно во општина Македонска Каменица завршија градежните работи за асфлатирање на локални патишта во руралните средини.

Би можело да ве интересира

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски

Нормализиран собраќајот на регионалниот пат Делчево – М. Каменица

Жарко Настоски

Граѓанско учество во креирање на општинскиот буџет во Македонска Каменица

Ана Ололовска