Украдени 16.500 евра и златен накит од два стана во Скопје

Од:

Во два стана во Скопје вчера биле извршени кражби, при што се одземени вкупно 16.500 евра.

Како што соопшти МВР, вчера од 07:45 до 16:20 часот во Скопје на бул. „Јане Сандански“ непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба во станот на скопјанецот З.П.(55), при што одзел 12.500 евра, турска кама и златен накит. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Непознат сторител вчера во периодот од 21:00 до 23:30 часот на ул. „Миле Поп Јорданов“ во Скопје  со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во станот на скопјанецот С.Ј.(46), при што одзел 4.000 евра и златен накит. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби