Украдени седум лаптопи од деловни простории на фирма во Скопје

Од:

Непознат сторител вчера извршил тешка кражба во деловните простории на правното лице Друштво за информатичка технологија „Инплеер Хуб“ ДООЕЛ Скопје на ул. „Никола Кљусев“.

Како што соопшти МВР, Н.Ч., управител на правното лице, вчера во 17 часот пријавил дека кражбата била извршена истиот ден во периодот од 02 до 02.30 часот.

– Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел седум преносни компјутери во вредност од околу 248.000 денари, се наведува во соопштението.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски