Украдени пет пиштоли и револвер од паркирано возило во струшко Биџево

Од:

Украдени се пет пиштоли и еден револвер од багажник на паркирано возило во струшкото село Биџево.

Како што соопшти МВР, грабежот бил извршен од непознат сторител во периодот од 18 часот завчера до 15 часот вчера од багажник на возило „опел астра“ со струшки регистарски ознаки, паркирана во гаража сопственост на Е. М. (66).

Оружјето, возилото и куќата се сопственост на Е.М., кој пред седум дена заминал во Швајцарија.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од НК КР Струга и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби