Украдени пет илјади евра од куќа во Виница

Од:

Пет илјади евра се украдени од куќа во Виница на новогодишната ноќ, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, 42 годишен жител во полициската станица Виница телефонски пријавил дека во периодот од 22 часот на 31 декември до 00:15 часот на 1 јануари непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа.

– Сторителот, преку необезбедена гаражна врата, влегол во дворот, а потоа со употреба на алат ја отворил влезната врата од куќата, се качил на катот од куќата, извршил пребарување и одзел околу 5.000 евра, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР во редовниот Билтен.

Би можело да ве интересира

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он